Романска пречка за Охрид во втората рунда од Европскиот Куп

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, беа извлечени двојките за стартните кола од Лигата на Европа и Европскиот Куп.

Тимот на Охрид за ривал во втората рунда во Европскиот Куп го доби составот на Потаиса Турда од Романија.

По седум сезони, охриѓани се враќаат на меѓународна сцена, откако во 2017 година ја минаа првата рунда во тогаш ЕХФ Куп со холандскиот Волендам, а потоа беа елиминирани од Порто.

Првиот натпревар ќе се игра во Македонија на 19/20 октомври, додека реваншот е во Романија на 26/27 октомври. Победниците од 32 парови ќе се пласираат во третото коло од третото по ранг европско клупско натпреварување.

Во машкото издание на Европскиот Куп, покрај Охрид, ќе играат уште и „сино-белите“ од Автокоманда и Тиквеш.