Романија со пресврт во финишот славеше над Грција

Репрезентацијата на Романија со победа го започна настапот на турнирот „Трофеј Карпати“, откако славеше над Грција со 31:27 (13:16).

Избраниците на Чави Пасквал до победата дојдоа со одличната игра во последните осум минути, во кои го презедоа водството и до крајот беа подобриот ривал на теренот.

Во таборот на Романија најефикасен беше Денис Григорас со седум погодоци, кај поразената репрезентација се истакна Георгиос Папавасилис со шест реализации.

На првиот одигран натпревар на турнирот, репрезентацијата на Грузија беше подобра од Словачка со 32:27.

Романците на Европското првенство во Германија за ривали во групната фаза ги имаат репрезентациите на Хрватска, Австрија и Шпанија.

Грција, која ќе биде еден од дебитантите на континенталниот собир, ќе се соочи со Чешка, Португалија и Данска.

Грузија со победа ги започна подготовките за ЕП