Романците го „преселија“ Лумбросо во Битола

Откако стана јасно дека српскиот голман Владимир Цупара ќе ја продолжи во Бундес лигата, раководството на Динамо Букурешт реши да се раздели и со Јоав Лумбросо.

Израелскиот среден бек би можел да го засили Еурофарм Пелистер, македонскиот првак што и оваа сезона е од Лигата на шампионите, пишува „Про Спорт“.

Лумбросо во својата кариера пред да се пресели во Динамо Букурешт, играше за клубови од типот на Бенфика, Ајзенах, Лимож…

Пелистерци на лето ќе се разделат со Домен Тајник, кој продолжува во Слован Љубљана, па Лумбросо би бил замена за Словенецот.