По елиминациите на азербејџанскиот Баку и босанската Слога Добој, со повеќе од убедлива разлика, ракометарите на Охрид ги очекува потежок предизвик во ЕХФ Европскиот Куп.
На гости доаѓа чешката екипа Дукла Прага, која од клупата е предводена од легендарниот Даниел Кубеш, кој истовремено е и селектор на машката репрезентација на Чешка.
Тренерот Борис Ројевиќ вели дека неговиот состав е подготвен за предизвикот.
„На гости ни доаѓа клуб со голема традиција. Подготвени сме за предизвикот, формата во овој момент можеби не ни е највисоко ниво, но желбата секако е. Доколку навивачите создадат атмосфера како што знаат, како што беше на мечот со Еурофарм Пелистер тука, верувам дека заедно со нив можеме да направиме многу и затоа едвај го чекаме претстојниот натпревар. Противникот игра атомски ракомет, брзо трчаат, имаат силен колективен напад, но без добро враќање назад ќе биде тешко“, изјави Ројевиќ.
Натпреварот меѓу Охрид и Дукла Прага се игра в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот, а продажбата на влезници се одвива ТУКА.

























