📷 Ројевиќ прозиваше, амбициозниот Охрид стартуваше со подготовките

Тимот на Охрид денеска ги започна подготовките за натпревачката сезона 2025/26, во која клубот влегува мотивирано со сериозни амбиции.

Започнува најмалку тригодишниот проект кој го предводи српскиот стратег Борис Ројевиќ, кој седна на клупата на „гладијаторите“.

Стручниот штаб на првиот тренинг ги имаше на располагање сите ракометари, освен повредениот Теимураз Орјоникидзе кој рехабилитацијата ја одработува во Грузија.

Беа присутни засилувањата Стефан Петриќ, Николас Лиапис, Бојан Блажески, Дарко Ѓукиќ, Анте Иванковиќ, Тилен Стрмљан, Ориол Реј Моралес, Предраг Вејин, Давид Саврески и Илија Трајчески, како и повратникот Никола Шипинкоски.

Тимот ќе се подготвува на турнирите во Струга и Охрид, додека пред стартот на Супер лигата, ќе бидат одиграни уште една или две пријателски средби.