Ројевиќ: Одиме без страв кај Вардар

Амбициозниот Охрид го чека уште едно тешко гостување во Скопје. По она во Автокоманда, следува меч со македонскиот вицепрвак – екипата на Вардар.

Тренерот на охриѓани, Борис Ројевиќ, е задоволен од досега сработеното во двата меча, но вели дека неговата екипа ќе оди без страв и против Вардар.

„Свесни сме дека не очекува голем предизвик – екипата на Вардар, најголемото ракометно име на овие простори. Тие сигурно дека се фаворити, особено затоа што играат во Скопје. Но, одиме без страв да ги покажеме нашите квалитети и веруваме дека можеме да му пружиме достоен отпор на Вардар. Стартот ни е добар со три бода во првите две кола, уште подобар би бил со четири бода. Мала деконцентрација не остави без тој еден бод, но тоа е што е. Сакаме до европските натпревари да собереме што повеќе бодови, а со самото тоа и да ја подигнеме самодовербата на екипата. Имаме големи амбиции во ЕХФ Евроспкиот куп“, изјави Ројевиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Охрид ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ в сабота со почеток во 18:00 часот.