Ракометарите на Охрид славеа на тешкото гостување кај Олимпијакос со 31-25 во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп.
Иако половина од работата е завршена со овој триумф, сепак тренерот Борис Ројевиќ не сака премногу еуфорија и потенцира дека и реваншот треба да се одработи максимално.
„Им честитам на моите момци, ги исполнивме сите договори. Дадоа 120% од себе, Олимпијакос е одлична екипа и игра на максимум. Одигравме феноменален меч, но ништо не е готово. Минатата сезона загубија дома од Турда, па потоа победија на гости со повисока разлика. Апелирам до сите навивачи, да ги исполнат трибините во СРЦ „Билјанини Извори“, да ни дадат ветар во грб и заедно да се радуваме на историски пласман во полуфиналето“, изјави Ројевиќ за „оhridnews“.
Реваншот меѓу Олимпијакос и Охрид се игра на 4 април во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот.
Охрид победнички се враќа од Атина – се насмевнува полуфиналето на Купот на ЕХФ
🎥 Јаготка на шлагот: Атрактивен двоен цепелин за точка на триумфот на Охрид!
























