Ројевиќ: Од медиумите дознав дека сум сменет, Раул ќе заработува трипати повеќе од мене!

|
16:22

Во Србија се уште не се смирени страстите откако беше објавено дека Раул Гонзалес ќе биде нов селектор на местото на Борис Ројевиќ.

Начинот на кој се уште актуелниот селектор и јавноста дозна за ангажманот на шпанскиот стратег и екс селектор на Македонија, не му донесе ништо добро на националниот тим на Србија.

Ројевиќ во интервју за „Моцарт Спорт“ откри дека дознал од медиумите за смената.

„Дека сум сменет дознав од медиумите. Никој не ми се јави да ми соопшти. Кога го побарав генералниот секретар на РСС, го прашав за што се работи. Тој ми кажа дека немам поддршка од сојузот и дека нема повеќе да бидам селектор“, вели Ројевиќ.

Од РСС тврдат дека неговиот договор бил „штетен“ по сојузот.

„Мојот е штетен, а зошто не објават колку ќе заработува Раул. Тврдам дека сум еден од најслабо платените селектори во Европа, и дека мојот наследник ќе заработува три до четири пати повеќе. Чекам да ми предложат раскин на договорот, но до денеска никој тоа не го направи. Да е ситуацијата поинаква, сам би се повлекол. Со промената на луѓето во сојузот започна психичката тортура која траеше со месеци со поддршка на еден дневен весник. Бев избор на претходното раководство“, заврши Ројевиќ.

Раул ќе седне на клупата на Србија од 1 јули 2025, а дотогаш веројатно машката репрезентација која нема да игра на СП 2025 и ја чекаат уште четири меча од квалификациите за ЕП 2026 ќе има в.д. селектор.

📷 Еурофарм Пелистер го промовираше Раул Алонсо

Автор: Душко Андов
| 18 ноември 2024
16:35

Шпанскиот стручњак Раул Алонсо денес официјално беше претставен пред јавноста како нов тренер на Еурофарм Пелистер.

45-годишникот од Мадрид потпиша договор на една и пол година и веќе го одработи првиот тренинг со македонскиот првак.

Тој седнува на клупата на битолчани на местото на Бранко Ангеловски, а тимот во меѓувреме го водеше Звонко Шундовски.

Дебито на Раул Алонсо е предвидено за в среда од 20:45 часот на дуелот со Фредериција во Лигата на шампионите.

Скопје сигурен на гостувањето во Штип

Автор: Влатко Мирчески
| 20 ноември 2024
18:20

Екипата на Скопје дојде до 7-ми триумф во Првата лига, откако на гостувањето во Штип кај Текстилец славеше со 31:25.

Сега Скопје со новите два бода го презеде лидерското место во групата А, на свое конто има 14 бода, додека Македонија ЃП и Младост Богданци, екипи кои засега се на 2 и 3 место, имаат по 13, односно 12 бода.

Избраниците на Оливер Димитироски во текот на целиот натпревар беа во предност и во ниту еден момент не дозволија домашниот тим да го израмни резултатот, или пак да поведе.

Скопје на полувреме замина со предност од 17:12, на моменти во вториот дел водеше со десет гола разлика, но Текстилец во последниот период ја преполови негативата.

Прво име во таборот на гостинскиот тим беше Бојан Чакалиќ, кој запиша девет погодоци, пет додаде Александар Грујевски, по четири имаа Андреј Тркалевски, Јован Фичорски и Лука Лешникоски.

Кај Текстилец најрасположен за игра беше Филип Џинес со седум погодоци, а го следеше Филип Савев со гол помалку – 6.

Тајник: Цела Битола очекува победа, а ние ќе се потрудиме да ја оствариме

Автор: Душко Андов
| 19 ноември 2024
12:02

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го чека нов предизвик во Лигата на шампионите – данската Фредериција гостува во Битола.

Средниот бек Домен Тајник вели дека ќе биде тежок натпревар, но дека тој и неговите соиграчи ќе бидат подготвени.

„Навивачите очекуваат големи работи од нас на овој натпревар. Ќе биде многу тешко. Фредериција е одличен тим и ние имавме многу кратко време да работиме со новиот тренер. Се подготвуваме добро и ќе биде подготвени за дуелот во среда. Целиот град очекува победа и ние ќе го дадеме нашиот максимум за тоа да се случи“, вели Тајник.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.

Абутовиќ: Направивме многу со ова реми, секој бод е важен!

Автор: Влатко Мирчески
| 20 ноември 2024
23:13

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ремизираше против Фредериција, 29:29, во натпревар од 8. коло од Лигата на шампионите.

Избраниците на Алонсо имаа напад за два бода, но гостите се одбранија во финишот од средбата.

Искусниот Илија Аутовиќ ги истакна своите импресии по освоениот бод против данскиот вицепрвак.

,,Знаевме дека ќе биде потешко од првиот натпревар. Фредериција е добра екипа, игра добар ракомет. Сите навивачи очекуваа победа, ама не треба ние да се разочаруваме. Пред три дена почнавме да градиме нешто ново, секој бод е важен во Лига на шампиони. Ние направивме многу со ова реми. Благодарност до публиката, сега ние се насочуваме кон следните натпревари. Веќе в сабота нè чека следниот меч, а потоа доаѓа и Веспрем на гости“, изјави Абутовиќ.

Еурофарм Пелистер во следното коло од европската елита гостува кај европскиот гигант Веспрем.

Еурофарм Пелистер освои нов бод – драмата со Фредериција заврши реми

 

Алонсо: Кога не ги искористивме шансите за победа, добар е и бодот

 

Манасков: Не сме среќни, аме сме задоволни со бод

 

🔴ВО ЖИВО🔴 Еурофарм Пелистер – Фредериција

Автор: Душко Андов
| 20 ноември 2024
20:40

Гледајте ВО ЖИВО, Еурофарм Пелистер – Фредериција, ТУКА