Селекторот на Србија, Борис Ројевиќ, го објави скратениот список на ракометари на кои ќе смета за бараж двомечот против селекцијата на Шпанија за пласман на СП 2025.
Ројевиќ ќе смета на 19 ракометари, меѓу кои и тројца што настапуваат за Вардар и Еурофарм Пелистер во македонскиот шампионат.
Станува збор за левото крило Марко Срдановиќ, десното крило Дарко Ѓукиќ, како и левиот бек Урош Борзаш.
Иако се очекуваше, на списокот го нема десното крило на шампионот од Битола, Богдан Радивојевиќ, кој досега беше стандарден.
Ројевиќ не смета ниту на повредениот Марсениќ, а ги нема ниту Милосављевиќ, Додиќ, Зечевиќ, Воркапиќ, Илиќ…