Ројевиќ: Момците одиграа на високо ниво, се надевам на добра ждрепка и полни трибини во Охрид

Охриѓани веќе ги архивираа тренинг натпреварите со азербејџанскиот тим Баку и се пласираа меѓу 32 најдобри екипи во ЕХФ Европскиот Куп.

Тренерот Борис Ројевиќ е задоволен од изданието на неговите избраници, а на втората средба им даде шанса и на тројца младинци, кои одиграа одлично.

„Честитки за моите момци, кои ги одиграа овие два меча на високо ниво, не го потценија ривалот, на вториот дуел шанса добија младите кои ја искористија целосно. Се работи за интересни играчи. Трајчески веќе е секој ден со нас на тренинг, голманот покажа дека и на него треба да се смета, и кога и да имаме шанса да ги вметнеме во ростерот, ќе го сториме тоа. Го чекаме сега ждребот, да видиме кој ќе ни биде ривал во наредното коло и се надевам на добра ждрепка. Посакувам реваншот да се игра во Охрид и пред полни трибини“, Ројевиќ.

Во ЕХФ Купот оваа сезона има многу поквалитетни екипи во споредба со ланската сезона.

„Мислам дека оваа сезона е многу посилно ова натпреварување во споредба со минатата сезона. Татабања која има повеќе од четири милиони евра буџет сигурно е меѓу главните фаворити, тука се Балатонфуреди, Олимпијакос, Целје…има две-три екипи што сакаме да ги избегнеме, а против сите останати сигурно ќе имаме големи шанси“, изјави Ројевиќ.

Сега охриѓани ќе ја чекаат ждрепката за третото коло, која ќе се одржи на 21 октомври.