Ројевиќ: Имаме нешто што другите го немаат!

По ремито во Автокоманда и поразите кај Вардар и Еурофарм Пелистер, ракометарите на Охрид го добија првото дерби против „сино-белите“ на Кирил Лазаров со 28-24 и покажаа дека се подготовени за големи дела.

Тренерот Борис Ројевиќ беше задоволен по триумфот и ги пофали сите во клубот заедно со навивачите.

„Овој тим е склопен пред пет месеци, а ривалот е тим склопен пред пет години. Ние имаме тоа што го нема никој – огромно заедништво, одлични момци кои секој тренинг тренираат максимално, еден одличен стручен штаб, одлична управа и имаме сјајни навивачи. Нашата добра одбрана и нашето заедништво го одлучи победникот. Играчите да не се опуштат после ваква победа, а навивачите да ги исполнат трибините – јас ветувам висока пласман во ЕХФ Европскиот Куп“, изјави Ројевиќ.

Следен предизвик за Охрид ќе биде Слога Добој и првиот дуел од третото коло во ЕХФ Европскиот Куп. Тој е закажан за 16 ноември од 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.