Ројевиќ ги „отпиша“ Радивојевиќ и Абутовиќ, на поширокиот список се само Борзаш и Срдановиќ

Селекторот на машката репрезентација на Србија, Борис Ројевиќ, го објави поширокиот список на 35 ракометари пред стартот на квалификациите за ЕП 2026.

Од македонското првенство на списокот се само левото крило на Вардар, Марко Срдановиќ и левиот бек на Еурофарм Пелистер, Урош Борзаш.

Ројевиќ во однос на настапот на ЕП 2024, не смета на двајцата пелистерци – десното крило Богдан Радивојевиќ и Илија Абутовиќ, како и на Петар Ѓорѓиќ и Немања Илиќ.

Овојпат на списокот немаше место ниту за вардарците Стефан Петриќ и Матија Николиќ, ниту за повредените Марко Милосављевиќ и Алекса Колаковиќ.

По долгите паузи поради повреди, Ројевиќ ги повика Стефан Додиќ и Јовица Николиќ, а има и неколку младински репрезентативци на Србија.

Србите ги стартуваат квалификациите со домашен натпревар против Летонија, потоа гостуваат кај Италија, а во март 2025 се двете средби со Шпанија.