ФОТО: MT2024

Ривалот на Вардар има најмногу странци во Бундес лигата

Екипата на Мелсунген, која е еден од ривалите на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа, има најмногу интернационалци во Бундес лигата.

Клубот, кој што е предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, има ракометари од дури 12 земји.

Во Мелсунген, освен играчи од Германија, има и од Полска, Црна Гора, Шпанија, Хрватска, Португалија, Данска, Исланд, Тунис, Летонија, Унгарија и Бразил.

Меѓу интернационалците во амбициозниот тим од Германија има двајца ракометари кои го носеле дресот на Вардар, тоа се Даинис Кристопанс и Рожерио Мораес.

Првиот натпревар меѓу Мелсунген и Вардар ќе се одигра на 15 октомври во Германија, додека второто соочување на двете екипи е закажано за 26 ноември во Скопје.

Освен со Вардар, тимот на Парондо во групната фаза ќе игра уште со екипите на Валур и Порто.