Тимот на Драма, ривал на Тиквеш во Европскиот Куп, промовираше уште едно засилување пред стартот на новата сезона.
Станува збор за десниот бек од Србија, Никола Грубиќ, кој своевремено беше дел од составот на Охрид.
По заминувањето од Охрид, српскиот интернационалец настапуваше за Ред Бојс Диферданж од Луксембург, пред да се врати во татковината.
Таму го носеше дресот на Црвена Ѕвезда, а сега одново станува интернационалец и ќе игра во грчкиот шампионат.
Натпреварите меѓу Тиквеш и Драма од првото коло на Европскиот Куп ќе се играат на 14/15 септември, односно 21/22 септември.