Ривалот на пелистерци се засилува: Спортинг краде репрезентативец од Порто!

Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, португалскиот Спортинг Лисабон работи на играчкиот кадар за наредната сезона.

Меѓу играчите што се споменуваат како засилувања е левото крило Диого Бранкињо, кој до крајот на минатата сезона играше за Порто.

Според „zerozero“, Бранкињо треба да биде замена во шампионот Спортинг Лисабон за Французинот Етиен Моске.

Португалскиот репрезентативец потекнува од Сао Бернардо, а пред да игра за Порто, четири сезони настапуваше за Брага.

Спортинг Лисабон се раздели со четворица ракометари по крајот на сезоната. Покрај Моске, заминаа и голманот Масиел, левиот бек Араухо и пивотот Ваг, а покрај Бранкињо, најавен е и средниот бек од Аргентина, Педро Мартинез.