Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, кој е противник на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, го комплетираше голманското трио.
Друштво на искусниот Роланд Миклер и Тобијас Тулин, ќе им прави младиот унгарски голман Атила Радвански.
Радвански минатата сезона ја мина на позајмица во Татабања, а по одличните партии ПИК Сегед реши да го врати во своите редови. Тој ќе го замени Мартин Наѓ, кој замина една година пред истекот на договорот.
Чуварот на мрежата има 21 година, потекнува од Дебрецин, а играше за Кишварда и НЕКА пред да дојде во ПИК Сегед.