Шведскиот среден бек Каспер Кал го напушти францускиот Тулуз и ќе ја продолжи кариерата во данскиот ГОГ Гудме.
24-годишниот Кал, кој важи за еден од најдобрите организатори на играта во шведскиот ракомет, ќе формира одличен тандем на централната позиција со 20-годишниот Оли Митун, репрезентативецот на Фарски Острови.
Во сезоната 2024/25 со дресот на Тулуз, Кал одигра 28 натпревари во француското првенство, постигнувајќи 112 голови и запишувајќи 89 асистенции.
ГОГ Гудме е ривал на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, додека Тулуз е противник на вицепрвакот Вардар во Лигата на Европа.