Данскиот ГОГ Гудме, ривал на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, промовираше капитално засилување за наредната сезона.
ГОГ Гудме се пофали со потписот на најдобриот швајцарски репрезентативец – левиот бек Мануел Зендер.
Тој во моментов е член на Магдебург, но не добива голема минутажа, па се реши за промена на средината и потпиша до 2028 година со ГОГ Гудме.
Зендер потекнува од Сур Арау, потоа се пресели во Ерланген, па во Ајзенах, каде што беше најдобар стрелец во Бундес лигата, а сега ја одработува втората сезона во Магдебург.

























