Македонскиот организатор на играта, Борис Ристовски, ќе има нов меѓународен предизвик во кариерата.
Велешанецот потпиша за тимот на Клаксвик од Фарски Острови и ќе ги брани боите на овој клуб до крајот на сезоната.
Ристовски минатата сезона ги бранеше боите на црногорскиот тим Будуќност, а претходно беше дел од косовскиот Кастриоти и францускиот Ајверон.
Тој потекнува од составот на Борец Велес, а во Македонија ги носеше дресовите на Вардар Неготино, Тиквеш и Металург РА.
Настапите во земја каде што ракометот е во голем подем, ќе му бидат од голема корист на Ристовски во развојот на кариерата.
 
            

 
								  
								  
								  
	
									  
								























 
                