Ристовски потврди: Вардар ќе биде уште посилен в година

Иако буџсетот за следната сезона се уште не е дефиниран, Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар најави дека клубот ќе биде уште посилен. Доаѓањето на Кемпа и преговорите со повеќе други германски компании му даваат надеж дека „црвено-црните“ се на добра пат. Сезонава беше период на стабилизиција, ас сега веќе се разговара и за подигање на амбициите и успесите.

„Верувам дека во иднина буџетите ќе ги имаме две години однапред. Тоа многу ќе ни помогне. Но, едно можам да кажам дека Вардар ќе биде уште посилен, потврди Ристовски.

Тој кажа дека и кога Вардар го отпишувале, тој се враќал посилен, и дека сезонава покажале дека се тим за високи резултати во домашното првенство.
Вечерва се игра дерби мечот од домашниот плеј оф против Еурофарм Пелистер, со почеток во 18 часот, средба што може да го донесе Вардар блиску до врвот, иако има уште доста за играње.