Ристовски одличен, Будуќност со „два од два“ на стартот

Македонскиот интернационалец Борис Ристовски со тимот на Будуќност дојдоа до нова победа во црногорскиот шампионат.

Тимот на Ристовски во 2. коло за ривал го имаше Забјело и успеа да триумфира со четири гола разлика, 27:23.

Велешанецот беше меѓу најдобрите на теренот и натпреварот го заврши со пет погодоци од шест обиди.

Во претходното коло, односно на стартот од првенството, Будуќност го победи незгодниот Морнар со 25:23, a Ристовски зад своето име запиша три погодоци.

Следен предизвик за Ристовски и колегите ќе биде натпреварот против Беране, тим кој што во претходните две кола освои два бода.