Македонската репрезентативка Сара Ристовска имаше победничко деби за новиот клуб Рапид Букурешт.
Рапид славеше против градскиот ривал Стинта Букурешт со убедливи 43-28, а македонското десно крило беше меѓу најдобрите стрелци.
Ристовска успеа да постигне осум погодоци во мрежата на гостинките и најави дека е подготвена за новата сезона.
Рапид Букурешт во претстојната сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите, а Ристовска по две сезони пауза одново ќе игра во елитата.