Капитенот на женската репрезентација на Македонија, Сара Ристовска, го минува периодот на рехабилитација по операцијата.
Таа имаше повреда на Ахиловата тетива, а заедно со нејзиниот клуб Рапид Букурешт беше одлучено да се направи операција во октомври.
Операцијата мина успешно, Ристовска сега го минува постоперативниот период и се очекува да се врати на ракометните терени напролет, иако тоа ќе зависи од процесот на рехабилитација.
Нејзиниот клуб Рапид Букурешт обезбеди пласман во групите на Лигата на Европа, но Ристовска ќе ги пропушти натпреварите од групната фаза што се играат во јануари.
Таа не настапи за Македонија на стартот на квалификациите за ЕП 2026 против Германија и Словенија, а во март и април догодина, нашите репрезентативки ги очекува двомеч со Белгија, како и реваншите со фаворитите.

























