Ристовска речиси без грешка против Оденсе, Дарле му одбрани 22 удари на Ференцварош

Екипата на Рапид Букурешт, во која настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, доживеа нов пораз во Лигата на шампионите.

Романскиот тим на гостувањето во Данска кај Оденсе беше поразен со 32:24 и остана на 7. позиција на табелата со три бода, додека данскиот тим направи голем исчекор, сега има 6 бода.

Ристовака во дадената минутажа успеа да се покаже во одлично светло и натпреварот го три гола од четири обиди, додека српската репрезентативка Анѓела Јањушевиќ беше предводник на стрелците со седум погодоци.

Рапид Букурешт втората победа во европската елита ќе ја бара следниот викенд, кога на домашен терен ќе го пречека Брест Бретањ.

Голманка Клеопатра Дарле, која неколку месеци беше без клуб, заедно со Мец славеа против Ференцварошо со 24:19, a искусната Дарле натпреварот го заврши со дури 22 интервенции, со што беше најзаслужна за обезбедениот триумф.

Црногорскиот шампион Будуќност минатиот викенд одигра одлично против Ѓер, но денеска избраничките на Бојана Поповиќ беа декласирани од Лудвигсбург, загубија со 11 гола разлика, 36:25.

На победа во 5. коло се радуваа уште екипите на Подравка, Сторхамар, ЧСМ Букурешт, Есбјерг и Ѓер.

Лига на шампиони, 5 коло, резултати:

група А
Глорија Бистрица – Подравка 25-29
Никобинг – Сторхамар 28-33
Крим – ЧСМ Букурешт 29-31
Мец – Ференцварош 24-19

група Б
Оденсе – Рапид Букурешт 32-24
Есбјерг – Кристијансанд 30-29
Брест Бретањ – Ѓер 34-35
Будуќност – Лудвигсбург 25-36