Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, славеше на тешкото гостување во Тољати.
Рускиот вицепрвак со подобрата игра во вториот дел ја надигра Лада со 27:24 во натпревар од втората фаза од шампионатот на „зборнаја“.
Ристовска одигра едно полувреме и имаше 100% реализација, три од три, додека нејзината колешка Карина Сабирова беше најефикасна на натпреварот со осум погодоци.
ЦСКА Москва во следните три кола ќе игра против Ростов Дон, кој е лидер на табелата, како и против незгодната екипа на Астраханочка.