Женската репрезентација на Македонија одигра драматичен натпревар против Турција, 25:25, во рамки од 2. коло на Европското првенство 2024.
Иако Македонија можеше да победи и да добие два важни бода, сепак, Турција се врати во последните десет минути, а ремито е најреален исход за денешниот драма меч.
Најефикасната во репрезентацијата на Македонија, Сара Ристовска, ги сподели импресиите по големата драма.
,,Мислам дека во второто полувреме покажавме еден цврст карактер, карактер кој требаше да го имаше уште од самиот старт, секоја минута требаше да се цени, да не се прават толку технички грешки кои ги направивме. Турција направи една солидна разлика, но бевме мотивирани и пред натпреварот зборувавме дека треба да покажеме дека сме тим и дека оваа репрезентација со млади ракометарки може да покаже многу, доколку се респектираме самите себе и останатите ќе не респектираат, така што мислам дека покажавме добар карактер, штета што заврши нерешено и морам да им честитам на ракометарките на Турција за големата борба. Верувам дека и останатите гледачи во салата и покрај малите екрани уживаа во нашата игра. Можеби промашените зицери и удари би смениле нешто, но доколку тоа е поминато, ништо не може да се смени. Мислам дека треба да учиме од вакви ситуации од натпревар кои ги имавме фо финишот, самите вакви натпревари даваат искуство, треба да знаеш да сочуваш резултат и треба само да се браниш и да делуваш смирено и дисциплинирано до самиот крај”, изјави Ристовска.
Македонија во последното 3. коло од групната фаза ќе игра против Унгарија, која денес славеше над Шведска.