Ристовска не можеше сама, ЧСМ Букурешт го доби трилерот со Рапид

Градските ривали Рапид Букурешт, каде што игра Сара Ристовска, и ЧСМ Букурешт во седум дена ќе играат дури три пати меѓусебе.

По првиот меч во осминафиналето од Лигата на шампионите, кој го доби ЧСМ со десет гола разлика, сега екипите играа во романското првенство.

Одново успеа да слави ЧСМ Букурешт, но сега во драматичен натпревар и гол во последните секунди на Остергард со 26-25.

Ристовска беше втор стрелец во домашниот тим и успеа да постигне пет гола од шест обиди, додека Јањушевиќ даде десет, но тие две беа премалку за Рапид да се надева на нешто повеќе против ЧСМ Букурешт.

Неагу даде шест гола за ЧСМ, додека Пинтеа и Јауковиќ стрелаа по четири пати. На табелата, ЧСМ е прв со 49 бодови, додека Рапид е на шестото место со 34 бода.