🎥Ристовска на македонски јазик им посака Среќна Нова Година на фановите на ЦСКА

Медиа тимот на рускиот шампион ЦСКА Москва подготви новогодишна честитка за симпатизерите во која главната улога ја имаше македонската репрезентативка Сара Ристовска. „Како изгледаа ракометарките на ЦСКА Москва кога биле мали, какви подароции добиваа за Нова Година, што се подготвувало во нивните домови за дочекот, а јаготката на шлагот е поздравот и честитката за сите - честитката од Сара Ристовска на македонски јазик!“, пишува во описот под видеото на ЦСКА Москва. Погледнете...(поздравот од Ристовска е на крајот на видеото).