Ристовска меѓу најдобрите, Рапид со нова победа

Екипата на Рапид Букурешт, во која настапува Сара Ристовска, денеска дојде до 11-та победа во романскиот шампионат.

Рапид Букурешт во натпревар од 18. коло славеше против незгодниот Залау со три гола разлика, 28:25.

Клубот на Ристовска до победата дојде со одличната игра во вториот дел, а на полувреме Залау имаше предност од 13:9.

Македонската репрезентативка во дадената минутажа на теренот успеа да постигне четири погодоци од пет обиди.

За Рапид Букурешт ова беше последна проверка на силите пред важното гостување во Подгорица кај Будуќност.