Ристовска и наредната сезона ќе игра за Рапид Букурешт

Македонската репрезентативка Сара Ристовска и во наредната сезона ќе биде дел од романскиот Рапид Букурешт.

Ристовска имаше одлични партии во домашното првенство и во Лигата на шампионите во првата сезона и покажа дека е големо засилување за тимот од романската престолнина.

На крајот на сезоната Рапид заврши на петтото место, повторно ќе излезе во Европа, но ростерот на тимот ќе претрпи значителни промени.

Дојде нов тренер, Лорен Безо, а заминуваат Горшкова, Ернандез, Фернандез, Гонзалез, Јањушевиќ, Стоика, Дујиндам…а на полусезоната си заминаа Остасе, Раичевиќ и Лопез.

Нови засилувања се Канавал, Шамбертини, Шамановскаја, Хеселберг, Елертсен, Топфнер…