Актуелниот шампион и освојувач на трофејот во Купот, ЦСКА Москва, го дозна ривалот во четвртфиналето од новото издание на Купот на Русија.
Mакедонската репрезентативка Сара Ристовска и нејзиниот тим ќе играат против Черноморочка за место на Ф4.
Првиот четвртфинален двобој се игра на 25 јануари, додека реваншот ќе биде на 30 јануари. Завршниот турнир во Купот на Русија е планиран за 6 и 7 април.
Покрај ЦСКА Москва, фаворит за место на Ф4 е Ростов Дон, кој за ривал го доби тимот на Звезда, додека Динамо Синара ќе игра против Астраханочка, а Лада Тољати ќе се сретне со Луч.