Тимот на ЦСКА Москва, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, ја продолжи победничката серија во руското првенство.
ЦСКА Москва на домашен терен славеше против Динамо Синара со 35-18 во натпревар од шестото коло.
Победата беше обезбедна уште во првото полувреме кога ЦСКА Москва водеше со 18-7, а Ристовска даде три гола од пет обиди.
Македонката и рускиот првак во следното коло гостуваат во Краснодар кај Кубан, а потоа имаат три домашни меча против Звезда, Лада и Астраханочка.