Македонската репрезентативка Сара Ристовска имаше победнички деби на официјалните натпревари за составот на Рапид Букурешт.
Таа беше втор стрелец во триумфот на Рапид Букурешт на домашен терен против Магура Чиснадие со 30-22.
Во натпреварот од првото коло на романскиот шампионат, Ристовска погоди четири пати во противничката мрежа од четири обиди.
Тимот на Слатина, каде што играат трио македонски репрезентативки – Јована Мицевска, Јована Саздовска и Ивана Гакидова, забележа минимален пораз.
Слатина загуби на гости кај Крајова со 31-30, иако до финишот беше во игра за позитивен резултат. Мицевска имаше осум одбрани, Саздовска погоди пет, а Гакидова три пати на овој натпревар.