Ракометарите на Овче Поле пред својата публика ја запишаа четвртата победа во плеј-аут фазата од Првата лига и останаа на лидерското место на табелата.
Овче Поле за ривал во 6. коло од прволигашкиот плеј-аут го имаа тимот на Партизан од Гевгелија и триумфираа со 32:28.
Домаќините во најголемиот дел од натпреварот имаа солидна предност, на полувреме заминаа со 17:11 и во вторите 30 минути не им дозволија на гостите да се доближат.
Најефикасен на натпреварот беше членот на Овче Поле, Стојанче Ристов, кој постигна 11 погодоци, а го следеше неговиот колега Димитрија Крстев со седум реализации.
Кај гостите листата на стрелци беше предводена од Никола Анакиевски со шест погодоци, по пет запишаа Иван Велев, Горан Лисичков и Васил Зајков.