Некогашниот македонски репрезентативец Ристо Арнаудовски не е повеќе тренер на австрискиот тим Барнбах.
Минатата сезона Арнаудовски му донесе опстанок во австриската елита, па доби понуда за останување на кормилото, имаше добри резултати во првиот дел од сезоната, но запиша повеќе неочекувани порази во пролетниот дел од сезоната и двете страни решија да се разделат.
43-годишниот Македонец кој е роден во Загреб, претходно работеше во машкиот тим Ферлах од Австрија, како и во женскиот тим од Хрватска, Зрињски Чаковец.
Во играчката кариера играше за Загреб, Перутина ПИПО, Босна и Дубрава во Хрватска, а потоа и во неколку австриски екипи.
Тој ја заврши играчката кариера во 2019 година, а беше дел од составот на Македонија на Светското првенство во 2017, кога селектор беше Лино Червар.

























