Екипата на Скопје дојде до петти сезонски триумф во Женската лига, откако во натпревар од 13, коло, кое е последно за есенскиот дел од оваа сезона, славеше над Шампион со 29:23.
Скопје од почеток, па до крај имаше резултатска контрола и во ниту еден момент не дозволи ривалот да изедначи, или пак да израмни.
Составот на Радуловиќ и Будимир имаше фуриозен старт, поведе со 7:1, потоа дојде до 10:2, лесно постигнуваше погодоци и на пауза замина со предност од плус осум, 18:10.
Во вториот дел немаше никаква неизвесност, тимот на Скопје постојано водеше, додека Шампион на крај се избори за поблаг пораз.
Најефикасни во победничката екипа беа Стефани Ристиќ со девет погодоци и Нина Неделковска, која имаше две реализации помалку.
Кај Шампион прв стрелец беше Мила Филипова, постигна осум погодоци, додека по четири постигнаа Ева Трпкова и Миа Петровска.