По репрезентативната пауза, на сцена одново се враќаат возбудувањата од Супер лигата, а со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Прилеп ќе се биде отворено 11 коло.
Кружниот напаѓач Самоил Ристевски вели дека Прилеп е сериозен ривал и за победа ќе треба да се даде максимум.
„Паузата ја искористив јас и соиграчите како мини подготовки, се одморивме малку од брзото темпо на играње во викенд домашното првенство и во текот на неделата кога играме во Лигата на шампиони. Подготвени влегуваме во она што не очекува во наредните триесетина дена. Екипата на Прилеп е сериозен противник и треба да ја сфатиме сериозно. Со екипата на Прилеп добро се познаваме, но сепак треба да го дадеме нашиот максимум. Ние одиме на победа како и на секој друг натпревар“, вели Ристевски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Прилеп ќе се одигра вечерва во „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.