Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска го игра шестиот натпревар во Супер лигата.
Битолчани му гостуваат на Куманово, а кружниот напаѓач Самоил Ристевски очекува фаворитската улога да биде одработена на терен.
„Денес не очекува нов првенствен натревар овој пат против екипата на Куманово на гости, и како и на секој натпревар очекувам победа. Ние сме фаворити, но мора тоа и да го одработиме на терен. Очекувам и на овој натпревар да бидам да терен, да имам добра минутажа и јас ќе дадам се од себе, да ја оправдам довербата на тренерот“, вели Ристевски.
Натпреварот меѓу Куманово и Еурофарм Пелистер се игра денеска во салата „Перо Наков“ со почеток од 18:00 часот.