Најмладиот во македонската репрезентација, Дамјан Митев, може да дебитира за Македонија на големо натпреварување во сениорска конкуренција.
Тој има настапи на кадетско и младинско ЕП, а сега ги сподели очекувањата од настапот во Данска.
„Целта е секогаш да бидеме на високо ниво и секоја година да бидеме дел од големите натпреварувања да играме на ЕП и СП. Во Данска играат најдобрите ракометари на светот. Имаат малку слаби страни, повеќето им се добри. Се подготвуваме и анализираме да ги искористиме нивните послаби страни. На Европското првенство на сите натпревари одиме по добар резултат“, изјави Ристевски.
Македонија игра против Данска утревечер во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг со почеток од 20:30 часот.
























