Ракометарите на Охрид по поразот од Вардар посакуваат враќање на победничките патеки во Супер машката лига.
„Гладијаторите“ на домашен терен го пречекуваат составот на Еурофарм Пелистер 2, а своите очекувања ги сподели левото крило Никола Ристески.
„Ни гостува екипата на Еурофарм Пелистер 2, млада екипа која многу трча и сака да се докажува. Сметам дека мора да влеземе максимално фокусирани од почеток на натпреварот и да славиме победа пред домашната публика“, изјави Ристески.
Натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2 се игра утревечер во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот.
























