Мелвин Ричардсон го постигна голот за реми за Висла против ПИК Сегед, 30-30 кој на трибините беше прославен како победа, иако на Полјаците не им знаќеше многу биејќи одамна го имаа потврдено третото место во Б групата на Лигата на шампионите. Но, Унгарците можат и треба да жалат зашто во текот на речиси целиот меч имаа предност, и во самата завршница попуштија.
Сега ПИК Сегед ќе навива за Магдебург да биде подобар во дербито со ПСЖ, зашто во тој случај Французите ќе останат на 6. место и ќе играат со третопласираниот од другата група. Во спротивно, со најмалку освоен бод на ПСЖ, екипата на ПИК Сегед ќе биде шестопласирана.
Тој меч ќе го даде конечниот редослед во групата. Во моментов води Барселона со 24 бода (-1 меч), Магдебург 23 (-1 меч), Висла 18, ГОГ 13, ПИК сегед 11, ПСЖ 11 (-1 меч), Еурофарм Пелистер 6 (-1 бод) и Загреб 2 бода.
Унгарците дојдоа со мотив да победа, и имаа водство од неколку голови во текот на средбата. Во завршницата домаќините ја стопија нивната предност и имаа 15 секунди за напад од кој дадоа гол за реми.
ГОГ успеа да победи против Загреб на домашен терен со 33-28, иако во последните десетина минути Хрватите се вратија во игра го израмнија резултатот. Но, немаа шанса да направат пресврт. Остана Загреб на последното 8. место на табелата со само 2 бода.

























