Селекторот на машката репрезентација на Шпанија, Жорди Рибера, на списокот на ракометари за квалификациите за ОИ има двајца повратници, кои од претходно беа во репрезентативна пензија.
Тоа се дефанзивецот Виран Морос, кој беше повикан да помогне и на ЕП 2024 во Германија, како и левиот бек на Гранољерс, Антонио Гарсија Робледо.
Робледо игра во одлична форма во Асобал лигата, па Рибера смета дека двајцата 40-годишни ракометари ќе и помогнат на репрезентацијата да обезбеди место на Олимписките игри во Франција.
Покрај Робледо и Морос, тука се уште и Кањелас, Македа, Гвардиола, Фернадез…па Шпанците ќе имаат комбиниран тим од искуство и младост.
Ривали на Шпанија на квалификацискиот турнир што се игра во Гранољерс се Словенија, Бахреин и Бразил.