„Рибари“ за Еурофарм Пелистер во Париз

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер по триумфот над Загреб, ќе има тешко гостување кај францускиот ПСЖ.

Правдата на овој натпревар ќе ја делат исландските арбитри Јонас Елијасон и Антон Палсон, додека делегат ќе биде Шпанецот Висент Леон Брето.

Овој натпревар меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер е закажан за 18 септември во салата „Пјер Де Кубертен“ со почеток во 20:45 часот.