Ракометната федерација на Македонија на крајот од овој месец ќе го одржи своето редовно Собрание, каде на дневен ред се само „протоколарни“ точки. Главните работи ќе се случуваат в година.
Канцеларијата на РФМ сега ги извести клубовите дека Рддовното Собранието ќе се одржи на пладне на 31 август во Скопје. Материјалите за седницата ќе бидат доставени до сите членови делгати согласно Член 23 од Статутот на РФМ.
Главните точки ќе бидат само разгледување и усвојување на записниците од претходното Собрание, како и извештајот за работа на РФМ во периодот од септември 2023 до август 2024 година.
Главните работи за РФМ Ќе се случуваат в година кога авршува 12 годишниот мандат на сегашниот претседател Живко Мукаетов. Тој веќе нема право да се кандидира за претседател па ќе мора да се избере наследник. Со заминувањето на претседателот ќе има и смена на дел од канцеларијата на РФМ, меѓу друго и генералниот секретар.
Меѓу главните кандидати за нов претседател е Александар Стефанов, кој доаѓа како претставник на РК Бутел. Тој уште пред две години се споменуваше како можен наследник на претседателот, кога проструи шпекулација дека Мукаетов може предвреме да се откаже од претседателкста функција и да замине за претседател на Македонскиот олимписки Комитет.
Мукаетов најави заминување од РФМ – познато е кој ќе го наследи како претседател