РФМ закажа годишно собрание

Ракометната федерација на Македонија закажа Редовно годишно собрание за претстојниот викенд.

На дневниот ред има осум точки, а шестата точка е извештајот за работата на РФМ за периодот од март 2025 до март 2026.

Помина една година откако Александар Стефанов стана прв човек на македонскиот ракомет, па пред присутните ќе биде презентиран извештајот за сработеното во изминатиот период.

Собранието е закажано за 28 март од 11:00 часот во просториите на Советот на Град Скопје.