Ракометната федерација на Македонија во 2023 година имаше за речиси една третина помал буџет во однос на 2022 година.
Според финансискиот извештај презентиран пред делегатите на Собранието буџетот со кој располагало РФМ било 119.224.173 денари (околу 1.193.604 евра).
За споредба ланискиот буџет бил речиси 3 милиони евра. Во 2022 година бевме домаќини на сенироското ЕП, па веројатно тука влегле повеќе пари во буџетот.
И фирмата РФМ Маркетинг основана од РФМ, имала добивка од 229.793 денари. Вкупниот буџет бил 1.940.000 денари.