РФМ потврди: Се зголемува бројот на странци во Супер лигата

Бројот на странски ракометари во суперлигашките екипи од претстојната сезона ќе се зголеми на девет.

Како што неодамна најави 24Ракомет, наместо досегашните осум, бројката се зголемува за уште еден, со забелешка дека тоа може да се случи на натпреварите од плеј-офот и плеј-аутот.

Бројот на странци кои можат да настапат на натпреварите од регуларниот дел на сезоната останува осум.

„По предлог од страна на клубовите од машката супер лига на конференција на клубови одржана на ден 18.06.2025, управниот одбор ја донесе следната одлука:

Во сезона 2025/2026 бројот на странски ракометари на натпревар во завршниот дел од сезоната (Плеј Оф-Плеј Аут) во домашното првенство може да биде 9 (девет) ракометари.

Од вкупната бројка на странски ракометари право на настап имаат 6 (шест) ракометари кои што имаат настап за својата национална репрезентација во било која селекција (сениорска, младинска, кадетска).

Од вкупната бројка на странски ракометари 3 (три) ракометари да можат да настапат без ограничување од претходната точка по слободен избор на клубовите“