РФМ парично го казни Еурофарм Пелистер

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) му изрече казна на шампионот Еурофарм Пелистер во висина од 60.000 денари.

Битолчани во рамки од првото коло од плеј-оф фазата во спортската сала „Боро Чурлевски“ беа домаќини на вечниот ривал Вардар.

Казната на Еурофарм Пелистер е согласно Член 106 од Дисциплинскиот Правилник на РФМ.

Во овој член има дури 19 точки и не се знае поради која причина е парично казнет битолскиот клуб.

Пелистерци на дерби дуелот против „црвено-црните“  триумфираа со шест гола разлика, 27:21.