Ракометната федерација на Македонија објави конкурс за избор на маскота на националните тимови.
Конкурсот ќе биде отворен до 15 декември, а потоа ќе биде избрана маскотата што ќе биде присутна на сите домашни и меѓународни настапи на македонските репрезентации.
Победникот ќе добие пригодни подароци од македонската куќа на ракометот, а оттаму ги објавија правилата за учество.
Маскотата што ќе го претставува „нашиот ракометен дух, тимска енергија и национален идентитет“ ќе го има своето „деби“ во 2026 година.

























