РФМ номинира 14 ракометарки – фановите ќе ја бираат најдобрата за минатата сезона

В сабота на 1 ноември, Ракометната федерација на Македонија ќе ги избере најдобрите за сезоната 2024/25.

Покрај стандардните категории, во две ќе имаат можност да учествуваат и ракометните фанови со гласање преку социјалните мрежи на македонската куќа на ракометот.

Во изборот за „најдобра ракометарка од публиката“ номинирани од страна на РФМ се 14 ракометарки меѓу кои се Марија Јанкуловска, Симона Грујовска, сестрите Коцеви, Ана Марија Коларовска, Марија Гугуљанова…

Гласањето се одвива со лајк на фотографиите на Фејсбук профилот на Ракометната федерација на Македонија.